https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.335967709782781/3939027792810070

19.02.2024 Скопје

Резултатите од една нова студија покажуваат дека лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои возат велосипед до работното место.

Истражувањето опфатило околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажува дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.

Возењето велосипед до работа ги намалило рецептите за ментално здравје повеќе за жените отколку за мажите, според истражувањето на Универзитетот во Единбург – иако мажите имаат поголема веројатност да возат велосипед.

Истражувачите комбинираа податоци за 378.253 луѓе на возраст од 16 до 74 години од пописот на Шкотска во 2011 година со податоци за рецепти од британската Национална здравствена служба за следните пет години.

Испитаниците живеат и работат во Единбург или Глазгов, живеат во близина на километар и пол велосипедска патека и немале рецепт за антидепресиви на почетокот на студијата.

Истражувачите откриле дека 15 отсто помалку рецепти за депресија или анксиозност се пишани на велосипедистите во петте години по 2011 година во споредба со невелосипедистите.

„Нашето откритие дека овој економичен и одржлив метод на патување, исто така, го подобрува менталното здравје, сугерира дека политиките за инвестирање во велосипедски патеки и поттикнување на активно патување најверојатно ќе имаат широк опсег на придобивки“, рече водечкиот истражувач, професор Крис Дибен, од Факултетот за геонауки на Универзитетот во Единбург.

Тој, исто така, истакна дека „ова не само што може да го подобри менталното здравје на луѓето, туку може да помогне и да се намали метежот на патиштата и загадувањето на воздухот“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author