gruzija

07.02.2024 Скопје

Грузискиот премиер во текот на вчерашниот ден ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната во неговата земја, откако властите запленија камион полн со експлозиви на пат кон Русија.

Во понеделникот грузиската служба за безбедност запленила илегална пратка со експлозив, која требало да оди во рускиот град Воронеж, скриена во батерии на автомобили. Товарот пристигнал по копнен пат од Украина преку Романија, Бугарија и Турција.

Инцидентот потсетува на експлозијата на мостот на Крим во октомври 2022 година, за која Москва го обвинува Киев. Камион испратен од Украина потоа експлодирал на мост откако стигнал до полуостровот преку долг пат преку трети земји.

„Ова уште еднаш го потврдува она што во принцип и високи функционери на украинската влада велат дека го сакале и веројатно сè уште го сакаат: втор фронт во нашата земја“, рече вршителот на должноста шеф на грузиската влада Иракли Кобахидзе.

Тој беше назначен да го замени Иракли Гарибашвили, кој поднесе оставка минатата недела за да може партијата Грузиски сон, која е на власт од 2013 година, да избере некој нов да ја води на овогодинешните избори.

Нејзин основач е Бидзина Иванишвили, најбогатиот Грузиец кој своето богатство го стекна во трговијата со метали и банкарството во Русија во 1990-тите. Иако олигархот и поранешен премиер се повлече од политиката, аналитичарите сметаат дека тој сепак има големо влијание врз тамошниот политички живот. Партијата се смета за проруска во Грузија.

Украинската држава во таа земја најави дека ќе ги истражи обвинувањата на грузиските безбедносни служби за „учество на украински граѓани во незаконски активности“ и го повика Тбилиси да не го политизира случајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author