https://www.facebook.com/photo/?fbid=290477313120819&set=a.290477316454152

23.02.2024 Скопје

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари и во однос на декември во 2022 година е поголема за 16,4 отсто. 

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27,1 %) и Градежништво (21,8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60.036 денари.

Подготвено од М.Д.

About Author