obedineti nacii glasanje

07.02.2024 Скопје

Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово и Метохија, на барање на Србија, ќе се одржи во четврток на 8 февруари, потврди шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Дачиќ рече дека средбата ќе се одржи во 21:00 часот по средноевропско време.

Се уште не се знае дали седницата ќе биде отворена за јавноста.

Србија во понеделникот поднесе барање до мисијата на Гвајана за свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово и Метохија.

Во барањето се обрнува внимание на актуелната состојба на територијата на Косово и Метохија, која е во остра спротивност со Повелбата на ОН и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и се посочува дека за таква ситуација е потребно одржување на посебна седница на Советот за безбедност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author