budimpeshta

17.02.2024 Скопје

Во Будимпешта во текот на вчерашниот ден се одржа протест против владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако претседателката Каталин Новак помилуваше осуденик за прикривање злосторства извршени од сексуален насилник во дом за деца, што доведе до нејзина оставка.

Дел од демонстрантите се упатија до седиштето на владејачката партија Фидес, каде полицијата им го попречи патот.

„Криминалците се заштитени“, „Педофилите се заштитени“, „Орбан покриј се“.

Иако беше добро познато дека Новак има помилувано околу дваесет луѓе пред посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, неодамна беше откриено дека еден од луѓето кои прикривање на сексуален престап, кој во таа устанува ги малтретирал децата.

Унгарските опозициски партии ја поминаа неделата повикувајќи на смена на Новак, како и Јудит Варге, министерката за правда која го потпиша помилувањето и се очекува да ја предводи листата на владејачката партија Фидес за овогодинешните избори за Европскиот парламент.

После тоа и Новак и Варге поднесоа оставки.

Во четвртокот партијата Фидес на Орбан поднесе уставен амандман со кој се забранува идните помилувања да бидат од корист на лица осудени за злосторства врз деца на кој било начин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author