02.02.2024 Скопје
Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки. Официјалното образложение е дека е од администативни причини. Но, пратениците коментираат дека вистинската причина се критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот.
Овие закони предвидуваат воведување црни листи и одземање на имот за кој ќе одлучува владата, а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.
Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.
Подготвено од М.Д.