https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6e/Astana%2C_capital_of_Kazakhstan_01.jpg

05.02.2024 Скопје 

Од Кабинетот на казахстанскиот претседател Касим Зомарт Токаев соопштија дека денеска, Владата на Казахстан поднесе оставка.

Од кабинетот на Токаев не соопштуваат зошто владата на чело со премиерот Алихан Смаилов поднела оставка.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста премиер привремено ќе биде првиот вицепремиер Роман Скљар.

„Во согласност со член 70 од Уставот на Република Казахстан, одлучив да ја прифатам оставката на Владата на Република Казахстан. Привремено, должностите на премиерот му се предаваат на Скљар Роман Василевич. Членовите на Владата на Република Казахстан ќе продолжи да ги извршува своите должности додека не се одобри новиот состав на Владата“, се наведува во указот од Токаев.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author