novo-uciliste-vizbegovo-prom-960x464

15.02.2024 Скопје

Ново и модерно училиште е изградено во скопско Визбегово. Ќе го носи името на населеното место. Објектот има 20 училници, кабинети по општествени и природни науки, музичко и ликовно образование, лифт за лица со посебни потреби, библиотека. За изградбата на училиштето се потрошени околу 110 милиони денари обезбедени од Буџетот преку програма на владата и МОН.

Капацитетот на училиштето е за 1000 ученици, односно по 500 ученици ќе посетуваат настава во една смена. Планот е ОУ „Визбегово“ да ги растерети другите училишта од оваа општина, но и од Чаир и Шуто Оризари каде досега се запишувале ученици од населба Визбегово.

На завршувањето на изградбата, во посета на училиштето беа владини претставници и државната секретарка во Министерството за образование и наука.

„Преку оваа училиште, како влада имаме за цел на идните генерации од овој дел на Скопје да им даде можност да развијат знаења и вредности кои се потребни и за нашата економија и изградбата на посветла иднина за сите. Образованието служи како камен-темелник на економскиот просперитет на нашата држава, играјќи клучна улога во поттикнувањето на иновациите, продуктивноста и севкупниот економски раст и развој“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Подготвено од М.Д.

About Author