21.02.2024 Скопје
Британска ракета „Тридент“ била погрешно испукана и паднала во океанот во близина на брегот на Флорида за време на пробно лансирање од нуклеарна подморница.
Министерството за одбрана на Велика Британија го потврди инцидентот, кој се случи на крајот на јануари, велејќи дека имало грешка во врска со подморницата Венгард, но тие рекоа дека не се споделени дополнителни детали од безбедносни причини.
Сепак, претставниците на министерството нагласија дека овие проектили сè уште ја претставуваат основата на британската одбрана и дека се уште се „безбедни и ефективни“.
Според локалните медиуми, грешката е поврзана со тоа што се работи за пробно лансирање и дека би било успешно доколку се изведе со нуклеарна боева глава.
Ова е второ неуспешно лансирање на Тридент по ред за британската кралска морнарица, по проблемите со пробното пукање во 2016 година.
Подготвено од А.Ѓ.