-zdravstveni-rabotnici

26.02.2024 Скопје

Независниот синдикат на здравствени работници најави протест. Бараат линеарно покачување на платите на здравствените работници и решавање на проблемот со договорите на дело.

Од синдикатот најавија дека координативното тело ќе одлучува во каква форма ќе го изразат својот револт од како што велат состојбите во здравството.

„На 10-ти април треба да ја земеме мартовската плата, каква ќе биде зависи од министрите и фондот за здравство, дали ќе биде со покачување или не, ќе одиме на три варијанти или протест за време на паузите, затворање на ЈЗУ од 11 до 14 часот и третата опција е генерален штрајк на здравството.“ – вели Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници.
Во меѓувреме останува нерешен и работниот статус на здравствените работници со договор на дело. Од синдикатот велат дека дел од нив воопшто не ни добиле нови договори.
Од министерството за здравство пак велат во март ќе има усогласување на минималната плата не само за здравствените работници, туку и за сите други помошни технички и административни службеници во здравствениот сектор согласно Законот за минимална плата.Владата пред нова година најави и решавање на работниот статус на 1.117 ангажирани во здравствениот сектор со договор на дело, но поради изборите, ресорниот министер рече дека постапките се ставаат во мирување и истите ќе бидат процесуирани по изборите.

Подготвено од М.Д.

About Author