zelenski danski parlament

07.02.2024 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди да се создаде специјален огранок на украинските вооружени сили за беспилотни летала, оружје што тој и воените претставници велат дека е критично за војната против Русија.

Зеленски потпиша декрет со кој ги повикува Владата и Генералштабот на вооружените сили „да ги разработат прашањата за создавање посебна сила за системи за беспилотни летала во рамките на украинските вооружени сили“.

„Ова не е прашање за иднината. Напротив, тоа мора да даде конкретни резултати во многу блиска иднина. Оваа година мора да биде одлучувачка во многу аспекти и, јасно е, на бојното поле. Системите со дронови ја покажаа својата ефикасност на копно. на небото и на морињата“, рече Зеленски.

Михаил Федоров, министер за дигитална трансформација на Украина, рече дека специјалната гранка ќе обезбеди „силен поттик“ за технолошкиот развој на војската.

Тој изјави дека беспилотните летала „фундаментално ја промениле ситуацијата на бојното поле“ во изминатата година, бидејќи се „ефикасни во запирање на руските напади и поддршка на контранападите на украинските вооружени сили“.

Според указот на Зеленски, резултатите од студијата ќе бидат доставени до Советот за национална безбедност и одбрана, кој ја води политиката во оваа област.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author