28.02.2024 Скопје
Украинската војска се повлече од селата кај Авдејевка, Степово и Северна, соопшти вчеравечер портпаролот на украинската воена група „Таврија“, Дмитро Лихови.
Двете села се наоѓаат северно од Ласточкина, која беше заземена од руските сили во понеделникот.
Лихови изјави дека во текот на вчерашниот ден се воделе битките за Степово и Северна.
Според него, Русија го зголемила бројот на јуришни единици.
Портпаролот рече дека некои од нив брои и до 250 лица.
Украина се повлече од градот Авдејевка во областа Доњецк на 17 февруари, поради недостиг на муниција, откако со месеци даваше отпор на руската офанзива.
По освојувањето на Авдејевка, Русија ги засили нападите на неколку области на линијата на фронтот.
Подготвено од А.Ѓ.