23.02.2024 Скопје
Украина концентрираше ударна група од 112.000 до 114.000 луѓе на границата со Белорусија, објави белорускиот министер за одбрана Виктор Хрењин.
„Од нив, нешто повеќе или помалку од 17.000 се вклучени во директната заштита на украинско-белоруската граница“, изјави Хрењин.
Сепак, како што додаде, таквата ситуација не бара концентрација на дополнителни воени сили на Белорусија на границата со Украина.
Хрењин најави и дека под маската на воените вежби на НАТО, можно е да се формираат ударни групи во близина на границите на Белорусија.
„Забележуваме активно движење. На врховниот командант му е поставена задача – да не заспие, може да се формираат ударни групи под маската на воени вежби. Наша главна задача е да видиме дали овие групи се формирани или не. Како дел од вежбите што ги најавија, фазата на формирање на групи. Внимателно следиме на кои полигони доаѓаат, нивниот број и слично. Доколку навистина ова почне да се претвора во создавање на помоќни групи или нешто друго, секако ќе има одговор од наша страна“, истакна Хрењин, прецизирајќи дека одговорот е „максимално адекватен“.
Подготвено од А.Ѓ.