uapseni

20.02.2024 Скопје

Подгоричкиот бизнисмен Александар Мијајловиќ и уште пет лица се уапсени под сомнение дека формирале криминална организација и вршеле шверц.

По наредба на Специјалното државно обвинителство уапсени се лица чии иницијали се А.М., Г.В., Д.Ј., Д.Б., М.М. и Р.Р. поради сомнение дека сториле кривично дело создавање злосторничка организација и продолженото кривично дело криумчарење, соопшти обвинителството.

Апсењето, како што се наведува, било извршено по повеќемесечна координирана акција на Специјалното државно обвинителство, Специјалното полициско одделение и Европол.

Мијајловиќ во јавноста се споменува како еден од косопствениците на компанијата „Бемакс“, а е поврзан и со поранешната владејачка структура.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author