19.02.2024 Скопје
Повеќе европски држави дел од нив членки на Шенген-зоната, каде има бројна дијаспора од Македонија, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, пишува порталот 360.
Од земјите во регионот, со стар пасош може да се патува и во Албанија и во Косово. Во меѓувреме шефот на дипломатијата Бујар Османи ја продолжува турнејата по македонските конзуларни претставништва за да направи увид во динамиката со која македонските граѓани добиваат патни исправи со новото име на државата.
Подготвено од М.Д.