06.02.2024 Скопје
Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, кој одби да разговара со кандидатите од Републиканската партија за номинација на претседателските избори во ноември, изјави дека би сакал да има дебата со претседателот на САД, Џо Бајден и тоа „веднаш“.
„Би сакал да разговарам со него, бидејќи треба да имаме дебата, за доброто на оваа земја“, рече Трамп во радио емисијата на конзервативниот водител Ден Бонино.
Бајден веќе пристигна да одговори на „предизвикот“ на Трамп, за време на посетата на Лас Вегас.
„Да бев на местото на Трамп, би сакал дебата со мене. Тој нема што друго да прави“, рече Бајден.
Иако има предност во анкетите во однос на неговата ривалка Ники Хејли во рамките на Републиканската партија, Трамп сепак треба да ја помине изборната кампања во својата партија за да биде кандидат на претседателските избори на 5 ноември.
Подготвено од А.Ѓ.