17.02.2024 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати 354,9 милиони долари казна, бидејќи за да ги измами кредиторите, пријавил прекумерна сума од своето богатство, соопшти судот во Њујорк.
Судот, исто така, му забрани на Трамп да служи или да раководи со корпорација во Њујорк во следните три години.
Тужбата против Трамп ја покрена обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, која го обвинува поранешниот претседател и неговата семејна фирма дека доставиле лажни информации за вредноста на нивното богатство во износ од 3,6 милијарди долари годишно во текот на една деценија, со цел да ги измамат банкарите. давајќи им поповолни услови за заеми.
Адвокатот на Трамп, Алина Хаба, рече дека пресудата е неправда и е „кулминација на долгогодишниот лов на вештерки, политички водена“ против поранешниот претседател.
„Ова не се однесува само на Трамп, туку, доколку оваа одлука остане на сила, ќе послужи како индикација за секој Американец дека Њујорк повеќе не е отворен за бизнис“, нагласи Хаба, која најави дека ќе поднесе жалба против пресудата.
Трамп и неговите синови Дон Јуниор и Ерик се исто така вклучени во тужбата и мора да платат по четири милиони долари. Трамп ја негира вината.
Подготвено од А.Ѓ.