tramp ke izleze pred sudija

13.02.2024 Скопје

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека го „направил НАТО силен“ за време на неговото претседателствување, откако предизвика бес во ЕУ велејќи дека „нема да ги заштити од Русија“ земјите кои не ги исполнуваат барањата на НАТО за трошоците за одбрана.

„Го направив НАТО силен“, напиша со големи букви републиканскиот фаворит за претседателските избори во САД во 2024 година на социјалната мрежа Truth Social, која тој ја основа.

„Кога реков дека 20-те земји кои не го плаќаат својот фер дел мора да платат и дека ако не платат, нема да имаат американска воена заштита, парите почнаа да доаѓаат“, рече Трамп.

„По толку многу години кога САД плаќаа за другите, тоа беше прекрасна глетка“, рече тој, додавајќи: „Но, сега, кога не бев таму да кажам дека мора да платат, тие се вратија на старите начини“.

Трамп рече дека „ќе го охрабри Путин да прави што сака“ со членовите кои не плаќаат.

На настан во рамките на предизборната кампања во Јужна Каролина во саботата, Трамп рече дека „нема да ги заштити од Русија“ земјите кои не ги исполнуваат барањата на НАТО за трошоци за одбрана.

„Всушност, би ги охрабрил да прават што сакаат“, рече Трамп, доведувајќи ги во прашање обврските на Алијансата за колективна одбрана.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author