29.02.2024 Скопје
Топлотниот бран во Австралија е проследен со температури над 40 Целзиусови степени, а најтешко се погодени западните и јужните делови.
Во Сиднеј температурата е околу десет степени над просекот за овој период од годината, а морскиот ветар, кој обично носи заладување во попладневните часови, сега се очекува да има мал ефект.
Температурата на аеродромот во Сиднеј достигна близу 35 степени Целзиусови, додека на запад во Кентербери, Хомбуш, Халсворти и Ричмонд измерени се 39 степени.
Делови од регионот на Западен Сиднеј, вклучително и Скофилдс и Блектаун, се погодени од грмотевици, при што се очекува пад на температурите во областа во вечерните часови, додека на север може да се олади до викендот.
На неколку места во државата Нов Јужен Велс температурата на воздухот надмина 40 степени Целзиусови до 13 часот, а властите издадоа и предупредувања за пожари.
Подготвено од А.Ѓ.