16.02.2024 Скопје
Театарот „Војдан Чернодрински“ утре ќе ја прослави 74-годишнината од формирањето, од денот кога завесата се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“ според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, од 19.30 часот во театар, во која се говори за тоа дека секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината?
Центарот за култура „Марко Цепенков“ потестува дека низ годините различните генерации на актери ределе премиери една по друга, имало и падови, но и успеси на театарот. Досега прикажни се околу 360 премиери, одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, па потоа „Од кол на кол“ во режија на истиот режисер.
Голем успех театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк…“ во режија на Мартин Кочовски, со „Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа „Кумови”, „Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”…. Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите „Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, „Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј” од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица” од Христо Бојчев и „Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.
Подготвено од М.Д.