14.02.2024 Скопје
Девет рудари се водат за исчезнати откако одрон го погоди рудникот за злато „Анаголд“ во источна Турција, соопшти Министерството за енергетика.
Во соопштението се посочува дека во тек се операции за спасување на рударите.
Со рудникот, лоциран во провинцијата Ерзинчан, стопанисува и е во сопственост на фирмата „Лиѓа Маденчилик“.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за локалните медиуми изјави дека во потрагата по исчезнатите рудари учествуваат 400 спасувачи.
Покрената е истрага за причините за инцидентот.
Подготвено од А.Ѓ.