02.02.2024 Скопје
Сојузна Народна Република Југославија го загуби правото на заложно право на имотот на семејството од Загорје од околината на Тухеље.
Имено, запишувањето на правото на заложно право на шуми, пасишта и лозови насади со вкупна површина од околу 5.000 метри квадратни е регистрирано на 13 ноември 1939 година во корист на ФНР на Југославија, поради главен долг во износ од 7 динари.
Во средата, по 85 години, судот во Клањец донесе одлука дека „врз основа на Законот за земјишни регистри, по службена должност се наложува да се избрише заложното право во земјишниот регистар, на наведениот сопственички дел во катастарската општина на Чрешњевец“.
Решението е доставено до сопственикот на недвижноста, а ФНР Југославија за се е информирана преку е-огласната табла на судот.
„Против ова решение може да се поднесе приговор. Приговорот мора да се поднесе до овој суд во рок од 15 дена од денот на доставувањето на ова решение по електронски пат преку нотар или адвокат“, информираат од судот непостоечката држава.
Во времето кога товарот бил регистриран, во ноември 1939 година, тој простор всушност бил дел од Кралството Југославија. ФНРЈ беше прогласена во 1945 година и траеше до 1963 година, кога беше прогласена СФРЈ.
Подготвено од А.Ѓ.