21.02.2024 Скопје
Дел од студентите се задоволни а дел не од средствата што ги добиваат за оброк. Велат дека тие средства се недоволни за еден поквалитетен оброк.
Екс премерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно на прашањето што тој лично би купил со таа сума. Меѓутоа смета дека таа сума засега е доволна, иако треба да се разговара за да се зголеми. Во минатото немаше студентски оброк, а сега сите студенти добиваат оброк од 140 денари дневно, потенцираше лидерот на СДСМ.
До први март, студентите сумата од 140 денари мора да ја користат во ист ден, но со законските измени од наредниот месец, рокот за користење се зголемува на цела недела до сабота навечер и студентите ќе може да ги соберат и до 840 денари за еден шопинг на храна.
Подготвено од М.Д.