Image by evening_tao on Freepik

13.02.2024 Скопје

Повеќе од половина милион луѓе во австралиската држава Викторија останаа без струја како последица на невремето, бидејќи електраната беше принудена да се исклучи.

Електричната централа на AGL, која произведува околу една третина од електричната енергија на Викторија, беше принудена да се исклучи во попладневните часови откако се урнаа неколку електрични столбови.

Повеќе од 500.000 домови или бизниси се без електрична енергија, рече државниот министер за енергетика Лили Д’Амброзио во објава на социјалните мрежи.

По затворањето на централата, цените на електричната енергија скокнаа низ државата Викторија до максимални 16.600 австралиски долари за мегават час од околу 200 долари, според податоците на австралискиот оператор за енергетски пазар /AEMO/.

Како одговор, АЕМО нареди намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Операторот претходно најави дека се потребни итни инвестиции за да се осигура дека снабдувањето со електрична енергија ќе остане доверливо бидејќи старите централи на јаглен се исфрлаат од употреба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author