https://www.facebook.com/photo.php?fbid=320148190154226&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

15.02.2024 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел, изјави дека членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, „е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас“.

Столтенберг, во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на најверојатниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп дека НАТО нема да ги штити европските сојузници кои не издвојуваат „доволно“ за одбраната, истакна дека еден за сите, сите за еден е суштината на НАТО.

Во однос на најавите од Европа по ваквата изјава на Трамп за европска стратешка автономија, Столтенберг истакна дека ги поздравува зголемените инвестиции на европските сојузници во одбраната и зајакнувањето на нивните капацитети, но дека тоа не е алтернатива на НАТО.

Тој додаде дека веќе се видливи последиците од тоа што Конгресот на САД се уште не ја одобри одлуката за продолжување на помошта за Украина, посочувајќи дека за ова прашање разговарал со неговите американски домаќини при неодамнешната посета на Вашингтон

Столтенберг нагласи дека членките на НАТО треба да инвестираат повеќе во одбраната, додавајќи дека минатата година е забележан е невиден пораст од 11 отсто за одбранбените трошоци од страна на европските сојузници и Канада.

Според него, потребно е продолжување на поддршката за Украина, која придонесува за зајакнување на потенцијалот на украинските безбедносни сили, што е видливо и на бојното поле.

Тој ја поздрави неодамнешната одлука на Европската унија да одвои 50 милијарди евра помош за Украина и изрази надеж дека и Конгресот на САД наскоро ќе го поддржи пакетот за поддршка на земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

 

 

About Author