27.02.2024 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воената алијанса не планира да испрати борбени трупи во Украина, по извештаите дека некои западни земји можеби размислуваат да распоредат војници во земјата разурната од војна.
Тој потсети дека сојузниците од Алијансата и даваат невидена поддршка на Украина и дека тоа го прават од 2014 година и се интензивираа по, како што рече, „целосна инвазија“.
„Сепак, нема планови за борбени трупи на НАТО на теренот во Украина“, изјави Столтенберг.
Во пресрет на вчерашната посета на Париз, каде највисоките функционери од повеќе од 20 земји разговараа за опциите за зголемување на помошта за Украина, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека некои земји размислуваат дали да склучат билатерални договори за испраќање војници во Украина за да и помогнат во конфликт со Русија.
Фицо нагласи дека неговата администрација не предлага испраќање словачки војници, но не даде детали за тоа кои земји размислуваат за такви договори, ниту што ќе прават војниците во Украина.
Претседателот на словачкиот парламент Петер Пелегрини истакна дека Словачка нема да испраќа војници во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.