https://www.facebook.com/NATO/photos/bc.AbrIchpcsAoPiqtcFZt5O7g8m66jgCdncL11iXgAk9DasnsVBqpnm1l6SLZqx0NS_oDLdxTqwKqClT-_qGFMrXyNdftjr8l5KlL4GoEn5U0bpmqagI_cOJ_NH1BXv-ZH_ytDKU0PtgiNk8D2dSxHyYrN/2379199778770006/?opaqueCursor=Abq_qWg_3b-jY8ktNCBYymvE575ttW2XkrDmcO7RVHfhIFclMYOH3oZTaqX9E8P5YSkTtSddmkX0WML4kL1OUXAW9xyjPMhjvmwZstGDqGPpGQZhVH20TRqD-3eBaDQCAFiFbu1hYs3fYXzBLLFPFrQRFvF9nBmnyHSMvdvJFOymqS9__qKhWiPX1qnDxRXPVFYTsZUDVITwrJJ6UsX93cvnGSN7GizyiCh7w3Ce7KrKPo_m4TyOJwQTtQgDzwIFW079gK35dBUjAYGHO9QN8rQcb0TU3-rBqY2ipkc_UdPCkTt6cjq8x7Wz79J6Mh_i90IyBFX2jUyGixCm9iXI957_2t24sd46A3Xh9kV6ek-Xd7ExLkdEI_iAlcJ6cE8Tm326S8MAXZhpWZSlQEOV9A3U-y0gR0ixDwbGF_nmr04HklA_atbd0ZQ--Mm67-sDaxP6LK31-dXRujmMjSKoTeUPQWKLGOQJ0fbmkq5oHZl_SbRa3N84IzWPPy0HE92UBTGyBA3Uj8CAihiBRzDr3kPYZIId3c2WS1kFtO4FC4CtAQkeJyGn_Hig7PuKsOqZv7yZGgpqPyDxjJNJckE4FbNRFf8ZVC38iC2jXHxgY0raahJ-Kr3_hiLB-XblmC1_zas

23.02.2024 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека членките на НАТО се посветени да направат повеќе за да обезбедат Украина да победи во борбата против „напаѓачките руски сили“ и дека Алијансата „значително го променила“ својот став за обезбедување понапредно оружје за Киев.

Столтенберг по повод одбележувањето две години од почетокот на рускиот напад врз Украина, оцени дека солидарноста со Украина не само што е коректна, туку и во безбедносниот интерес на Алијансата.

„Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност и нашата поддршка прави разлика на бојното поле секој ден“, додаде тој.

Според Столтенберг, повлекувањето на украинските сили од градот Авдеевка минатата недела ја покажува потребата од поголема воена помош „за да се осигура дека Русија нема да оствари дополнителни победи“.

Столтенберг не верува дека фактот што украинските сили се повлекле од Авдеевка значително ќе ја промени стратешката ситуација, но смета дека тоа е потсетување дека Русија е подготвена да жртвува многу војници, дека добила значителна воена поддршка од Иран и Северна Кореја и дека го зголемила своето производство.

Столтенберг вели дека војната во Украина е резултат на агресија и смета дека Украина има право на самоодбрана, „вклучувајќи и напади врз легитимни руски воени цели надвор од Украина“.

Осврнувајќи се на смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, и за чија смрт многу западни лидери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин, Столтенберг рече дека цврсто верува дека најдобриот начин да му се оддаде почит на Навални е „да се погрижиме рускиот претседателот Путин да не победи на бојното поле, туку Украина да победи“.

Одговарајќи на прашање за изгледите на поранешниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, Столтенберг рече дека, без оглед на исходот од претседателските избори оваа година, САД ќе останат посветен сојузник во НАТО, бидејќи тоа е во безбедносен интерес на Вашингтон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author