Branko-Azeski

02.02.2024 Скопје

По енергетската и Ковид криза, пред бизнисот сега следува изборна година. Дали и колку ќе изгуби економија поради процесот, првиот човек на најголемата комора во земјава Азески вели дека точно не може да се пресмета, но оптимист е дека овој пат штетата ќе биде мала затоа што за овие избори се знае од претходно. Очекува да поминат во најдобар ред, без инциденти со кратки кампањи.

Азески повторно ги наброја приоритетите за кои бизнисот со години зборува. Тука е борбата против корупцијата и сивата економија, гасификацијата, кредитна поддршка за извозните фирми и многу други.  Вчера имал средба и со поранешниот премиер Ковачевски.  Зошто овие барања не ги исполниле конкретно не разговарале, но најави дека за нив бизнисот овој пат ќе се бори по жестоко.

За подобрување на образовниот процес, ќе бараат да се извојуваат по 5 отсто од буџетот за образованието, но и да се направи ревизија на сите високообразовни институции. Сето ова ќе биде образложено и пред новата Влада која би требало да се формира до крајот на јуни.

Изминатиот период бизнисот реагираше на некој новини  кои беа донесени како недела неработен ден, даночната реформа, на честото менување на законите. Неколку пати беше потенцирано политичарите да ги тргнат рацете од стопанството, а надлежните да создадат услови за тоа да може да работи.

Подготвено од М.Д.

About Author