14.02.2024 Скопје
Српскиот репрезентативец Александар Комаров го освои златото во категоријата до 87 килограми во грчко-римски стил на Европското првенство во Букурешт, бидејќи во финалето беше подобар од Али Џенгиз од Турција со резултат 4:1.
На патот до златото, Комаров забележа пет победи, победувајќи го поранешниот европски првак Иштван Такач од Унгарија, како и актуелниот олимписки шампион од Украина, Жан Белењук.
Во категоријата до 60 килограми Георги Тибилов беше запрен во четвртфиналето откако ги победи Керем Камал од Турција со 10:3 и Оливер Тамаш Скржипчак со 12:2.
Загуби од Виктор Чобану од Молдавија, но преку репешаж ќе има можност да се бори за бронза. Противник ќе му биде Украинецот, Виктор Петрик.
Можност преку репешажот да се бори за бронзениот медал во категоријата до 67 килограми ќе има и Себастијан Наѓ. Наѓ во осминафиналето загуби од Хасрат Џафаров од Азербејџан, а ривал во репешажот ќе му биде Абу Амаев од Бугарија.
Подготвено од А.Ѓ.