shpanska policija

15.02.2024 Скопје

Припадници на шпанската полиција уапсија група осомничена за шверц на кокаин на брод што пловел од Јужна Америка, откако еден од нив, српски државјанин, застрелал еден од членовите на екипажот и ги зел како заложници останатите лица, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението, член на екипажот со српско потекло, за да ја преземе контролата над чамецот, пукал во едно од лицата и подоцна го фрлил неговото тело во морето, додека останатите осуммина ги киднапирал.

„За неполни 12 часа на точката во Атлантикот каде што се наоѓал бродот пристигнала екипа за интервенција и по неколкучасовни преговори на отворено море успеала да ги уапси киднаперот и останатите осум членови на екипажот“, се наведува во соопштението.

Како што додаваат, операцијата, која се случила во ноември минатата година и останала во строга тајна, започнала кога агентите истражувале криминална организација која имала намера да внесе 2,3 тони кокаин во Шпанија од Јужна Америка со камион.

Истражителите дознале дека дрогата ќе биде префрлена на помал брод во непосредна близина на Канарските острови, па со Службата за надзор на царината била подготвена заедничка направа за приведување на членовите на екипажот и запленување на дрогата. Членовите на овој заеднички тим успеале да го идентификуваат матичниот брод „Sea Paradise“ кој чекал друг брод за пренос на дрога.

„Неколку часа пред планираното качување, агентите дознале дека еден од членовите на екипажот на реморкерот, со потекло од Србија, го киднапирал остатокот од екипажот. Згора на тоа, за да ја преземе контролата над бродот, киднаперот пукал во еден од мажите а подоцна го фрлил неговото тело во морето“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author