14.02.2024 Скопје
Силна снежна бура го зафати североисточниот дел на Америка, предизвикувајќи откажување на многу летови и затворање на училишта и други институции.
Според страницата FlightAware, авиокомпаниите откажале повеќе од 1.220 летови во Соединетите Држави, вклучувајќи 43 отсто од сите летови од аеродромот „ЛаГвардија“ во Њујорк и 28 отсто од аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси, додека од „Џеј-Еф-Кеј“ го откажале секој петти лет.
Училиштата се затворени во градот Њујорк и властите велат дека ова е првпат во последните две години да падне доволно струја за да се бара употреба на машини.
Многу рурални области во североисточниот дел на Америка се целосно отсечени од остатокот од светот поради рекордно високите снежни наноси.
Подготвено од А.Ѓ.