28.02.2024 Скопје
Словенечките земјоделци планираат нови протести, а во текот на вчерашниот ден одржаа состаноци во министерствата за земјоделство и финансии за даночниот статус на директните плаќања за земјоделството во понеповолните области, при што истакнаа дека нема напредок.
„На средбите не беа ветени конкретни мерки, поради што синдикатите на земјоделците планираат да го засилат притисокот преку организирање протестни активности“, велат шест синдикати од Словенија.
Министерот за земјоделство Матеја Чалушиќ и министерката за финансии Катја Божиќ предложија формирање работна група која до крајот на април ќе даде предлог до земјоделците.
Земјоделците не се против ваквото решение, но велат дека не го смениле барањето плаќањата да бидат ослободени од данок на доход.
Подготвено од А.Ѓ.