12.02.2024 Скопје
Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела.
На 15 јануари започна штрајкот на лекарите и стоматолозите, а главна причина е неисполнувањето на обврските на Владата од веќе потпишаниот договор. Штрајкувачите бараат повисоки плати, а системот за плаќање да биде одделен и независен од системот на плати во јавниот сектор.
Овој штрајк е најдолгиот штрајк на лекарите и стоматолозите во историјата на Словенија, кој трае 28 дена.
Подготвено од А.Ѓ.