https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

15.02.2024 Скопје

Со воспоставената методологија за усогласување на пензиите, покачувањето на пензиите веќе не зависи од нечија политичка волја, туку се усогласува на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

Новата методологија за пресметка ќе донесе ново покачување на мартовските пензии. Во април околу 335 илајди корисници на пензија ќе добијат поголема сума на своите сметки. За колкав процент не се знае. Усогласувањето ќе зависи откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, колкави биле трошоците за живот и колкава е просечната плата.

Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска замоли за трпение и да не се манипулира со бројки се додека не излезе официјалната статистика.

Усогласувањето на пензиите е обрзвано за било која полтичка гарнитура и тоа мора да се случува два пати годишно. Тоа е резултатот од преговорите кои ги водеа властите со претставниците на повозрасната популација.

Пред две години пратениците со 84 гласа „за“ ги усвоија измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се воведува нова методологија за усогласување на пензиите согласно индексот на трошоците на живот во висина од 50 отсто и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1.000 денари.

Имено низ дијалог со Министерството за труд и социјална политика, Сојузот нанпензионери и Партијата на пензионери донесена е новата медодологија за усогласување на пнзиите која претставува комбиниран модел и тоа 50% од порастот на просечната плата и 50 % од порастот на трошоците за живот.

Прв пат според новата методологија извршено е усогласување, односно покачување за 2,9% во март 2022 година, а во септември 2022 за 6,8 %, за да во март 2023 биде зголемена за 6%. Ова значи за 1 година 16% покачување. Секако тука е и последниот пакет мерки од кои за 187 000 пензионери одвоени се 35 милиони евра со кои 5 месеци ќе добиваат од 1 500 до 3 000 денари.

Подготвено од М.Д.

About Author