19.02.2024 Скопје
Силен земјотрес утрово околу 9 часот и 20 минути го стресе поширокото подрачје околу Сараево.
Според првите податоци на EMSC, јачината на земјотресот била четири степени според Рихтеровата скала, додека подоцна била намалена на 1,6 степени и последователно зголемена на 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран на 17 километри од Сараево.
Над 200 граѓани оставија свои коментари на страницата на ЕМСЦ, а многумина истакнаа дека тоа траело кратко, но дека е силно.
Еден граѓанин напиша дека повеќе изгледало како да тоне отколку да се движи.
Подготвено од А.Ѓ.