13.02.2024 Скопје
Петер Сијарто, унгарскиот министер за надворешни работи, рече дека верува оти на Европската унија и треба Западен Балкан повеќе отколку што и треба членство.
„ЕУ страда од губење на конкурентноста, војна, замор од војна и зголемена ирелевантност во глобалната политика, а проширувањето ќе и даде нова свежина и импулс“, рече Сијарто.
Зборувајќи за БиХ, Сијарто рече дека Унгарија е апсолутно заинтересирана за стабилноста на Западен Балкан и дека неговата влада се противи на европските санкции во случајот на Милорад Додик, претседателот на Република Српска.
„Европските санкции никогаш никаде не успеале и нема смисла да се казнува демократски избран функционер бидејќи тоа само ја влошува ситуацијата“, рече Сијарто.
Тој рече дека преку разговорите со претседателот на Република Српска може да се разбере дека тој е „апсолутно посветен на европскиот пат“.
Тој посочи дека забрзувањето на членството во ЕУ треба да се искористи како заеднички принцип кој ќе ги обедини сите функционери и народи во БиХ, што ќе ги намали тензиите.
Зборувајќи за Србија, Сијарто рече дека е подготвена за влез во ЕУ и дека без неа, како најголема и најсилна земја на Западен Балкан, нема стабилност на тој простор.
„Отуѓувањето на Србија е најлошата можна тактика“, изјави Сијарто за хрватските медиуми по отворањето на новото основно училиште, изградено по големиот земјотрес што ја погоди Петриња на крајот на 2020 година, а за кое Унгарија донираше речиси 22 милиони евра.
Подготвено од А.Ѓ.