09.02.2024 Скопје
Врховното народно собрание на Северна Кореја се изјасни за откажување на сите договори за унапредување на економската соработка потпишани со Јужна Кореја.
Одлуката беше одобрена на 30-от пленарен состанок на Постојаниот комитет на Врховното национално собрание, односно Парламентот на Северна Кореја.
Уредбата вклучува укинување на законот за економска соработка, вклучително и посебниот закон за функционирање на туристичкиот проект „Планина Кумганг“.
Посетите на оваа планина го симболизираа почетокот на економската соработка меѓу двете Кореи во раните 2000-ти и привлекоа речиси два милиони посетители од Јужна Кореја.
Потегот на Пјонгјанг дојде откако Сеул го прогласи за „примарен непријател“ поради тензиите на Корејскиот полуостров. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатиот месец сугерираше дека Пјонгјанг ќе ги редефинира односите со Сеул.
Подготвено од А.Ѓ.