zemjotres

23.02.2024 Скопје

„Имавме серија забележливи земјотреси, едниот беше умерен, магнитуда 3,4, еден доста силен, магнитуда 3,8, тие два беа на Пељешац, а утринава после 10 часот имаше силен земјотрес со епицентар во Јадранот, неговата магнитудата беше 4,9“, објаснува Марија Мустаќ Брчиќ од Сеизмолошката служба на Хрватска.

Таа исто така додаде: „Не можеме да знаеме дали ќе има посилен земјотрес, можеме да очекуваме послаби земјотреси“, изјави Мустаќ Брчиќ од Сеизмолошката служба по новиот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер денеска во Јадранот.

Таа додаде дека по силен земјотрес најчесто следуваат низа послаби, но никогаш не може да се исклучи можноста за уште посилен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author