jazici

20.02.2024 Скопје

Сакате да направите нешто интересно и многу предизвикувачко оваа година. Зошто не би се одлучиле да научите странски јазик?

Полесно ќе патувате и подобро ќе го најдете патот наоколу

Секој што патува ќе каже дека патувањето, ако го знаете јазикот на земјата во која патувате, е неспоредливо со патувањето и комуницирањето на англиски, но ако не знаете ни англиски тогаш секое патување станува повеќе мачење отколку прекрасно искуство.

Ќе го подобрите капацитетот на мозокот и меморијата воопшто

Истражувањата покажаа дека познавањето на неколку јазици е поврзано со мудрост, полесно разбирање на ситуацијата, подобри способности за согледување и решавање проблеми, но и креативност. Колку повеќе јазици знаат, толку подобро луѓето се снаоѓаат во непознати животни ситуации, а учењето нови јазици се чини дека го одложува деменцијата и заборавот.

Ќе можете да ги читате вашите омилени романи во оригинал

Ако сте љубител на читањето и сакате да читате, замислете колку е попријатно да се читаат оригинални дела, кога ги читате токму онака како што замислил авторот и ги разбирате пораките како што беа првично кажано.

Развивате комуникациски вештини

Со учење на странски јазик, ги развивате своите комуникациски вештини и станувате посоцијални. Во училиштата за странски јазици стекнувате нови познанства и развивате пријателства, запознавате луѓе кои инаку не би ги имале во вашето опкружување… И само замислете какво е чувството да се сретнете со жителите и да разговарате со нив во странска земја.

Ќе си ја зголемите самодовербата

Во текот на животот се соочуваме со различни предизвици, некои од нив ги надминуваме лесно, додека некои се потешки. Кога сме добри во нешто и кога постигнуваме некаков успех нашата самодоверба се зголемува, кога работите не стојат како што сме замислиле страда нашата самодоверба. Со учењето нови јазици се зголемува вашата самодоверба бидејќи забележувате како напредувате, но и како другите околу вас го ценат вашиот труд и знаење.

Ќе имате поголеми шанси да најдете работа

Познавањето странски јазици е важна конкурентска предност при барање работа и за напредување во кариерата. Странските јазици се меѓу првите 10 знаења или вештини кои се бараат од работниците за секое работно место.

Животот е позабавен

Замислете колку можете да направите со нов јазик и што ви носи целото знаење на нов јазик.

Живееме во повеќејазичен свет, каде поврзувањето е многу поважно од кога било. Светот станува неверојатно глобализиран и познавањето јазик ви дава неверојатни предности.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author