https://sk.wikipedia.org/wiki/%C3%9Arad_vl%C3%A1dy_Slovenskej_republiky#/media/S%C3%BAbor:Episcopal_Summer_Palace_in_Bratislava,_in_2018.jpg

09.02.2024 Скопје

И покрај критиките од ЕУ, од словачката претседателка Зузана Чапутова и опозицијата, која го бојкотираше гласањето, популистичкото мнозинство во словачкиот Парламент ја изгласа контроверзната реформа на Кривичниот законик.

78 пратеници од владејачката коалиција во 150-члениот Парламент гласаа „ЗА“.

Со овој нов закон се намалуваат казните за корупција и економски криминал, а се намалува и рокот на застареност за одредени кривични дела, вклучително и силување, од 20 на 10 години.

Од 20 март поголем овластувања ќе има и главниот обвинител Марош Жилинка.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го критикуваше новиот закон и истакна дека усвојувањето на амандманот на Кривичниот законик е лоша вест за Словачка и сите нејзини граѓани, потенцирајќи дека е неприфатливо вакви сериозни промени во криминалната политика на земјата да се вршат без соодветен законодавен процес.

Чапутова истакна и дека ги разгледува сите можни опции за да го спречи стапувањето во сила на овој закон.

Според Уставот на Словачка, претседателското вето може да биде отфрлено со просто мнозинство.

Против реформата се одржаа протести во Братислава и 15 словачки градови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author