26.02.2024 Скопје
И годинава во текстилниот сектор ќе паѓа производството, но и бројот на вработени, поради заминување на странските партнери. Невладините регистрираат најави за отпуштање на работници, односно непродолжување на договорите на определено, па и трансформации од неопределено во определено работни време. Бизнис секторот во моментов очекува состојбата да се ублажи со мерката за субвенцинирање на плати, која е најавена лани во ноември.Според работодавците заглавена е во македонското Собрание, затоа упатуваат и апел да се донесе од стране на пратениците
Паѓа производство и бројот на вработени во текстилниот сектор. Во изминатиот период до Невладината Гласен Текстилев дваесеттина текстилни работнички реагирале дека од страна на нивните работодавци е најавено дека договорите на определено нема да им се продолжат, а има и ситуации на потпишување на документи за трансформација од неопределено на определено работно време.
Текстилниот сектор очекуваат оваа година пад на производство од три до пет проценти, бидејќи дел од странските партнери си заминаа во Бангладеш и Виетнам. Во моментов најголем проблем со обезбедување на работа имаат помалите конфекции.
Според Димитров во моментов единствено што може да помогне на реалниот сектор е најавената мерка за субвенционирање на плати, која беше најавена во ноември, лани. Според неговите информации во македонското Собрание помината е во прво читање, но не знаат зошто е се уште заглавена и не се носи од страна на пратениците. Оваа мерка се очекува да помогне на бизнис секторот, но и со неа да се зголемат платите на добрите и вредни работници.
Подготвено од М.Д.