Bechtel-ENKA-header

01.02.2024 Скопје

Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатот „Арбен Џафери“.

Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.

Во своите прелиминарни изјави, сите обвинети се изјаснија за невини. Адвокатите на осудените по одлуката се изјаснија дека ќе се жалат до Апелацискиот суд.

Потпишувањето на договорот на американско-турската компанија Бехтел и Енка со македонската влада за изградба на автопати во земјава беше пропратено со бројни скандали во однос на транспарентноста на постапката, изборот за надзор, цената… Присуството на оваа компанија на Балканот исто така беше следено со корупциски скандали, во Романија, Хрватска и Албанија…

Подготвено од М.Д.

About Author