12.02.2024 Скопје
Петар Ратков го имаше своето деби за српската репрезентација во 2023 година, откако го напушти ТСЦ за да му се приклучи на десеткратниот последователен шампион на Австрија, Салцбург.
Сепак, пред само три години немаше индикации дека тоа ќе биде така.
Напротив, според сопственото признание, бил на чекор да го напушти фудбалот и да се посвети на образованието.
„Пред три и пол години играв во шестиот ранг, тоа се луѓе кои работат, кои играат фудбал за забава, аматери секако. Се трудев се од себе, сонував да станам професионален играч, но тоа не беше изводливо. Тогаш мислев дека треба да престанам да играм фудбал, да продолжам со образованието и тогаш од никаде дојде таа покана од ТСЦ. И така, за три години од таму до стадионот на Бенфика и да играм пред 60-70 илјади луѓе“, изјави Ратков и додаде: „Нешто неверојатно, посакувам да му се случи тоа на уште некој друг, само за да ми раскаже какво е чувството“.
Тој започна многу успешно во Салцбург, но потоа беше забавен поради повреда.
„Добро ја одиграв цела сезона во ТСЦ, мислам дека ми требаше чекор напред, за да го направам тој чекор напред, имаше мала заситеност. Според мене најдобра понуда беше Салцбург, за мојот развој, за мојот напредок во фудбалот. да се засилиме, психички и физички, кога дојде таа понуда и кога ги видов условите, моите соиграчи, можноста за настап во Лигата на шампионите, што е сон на секое момче, не можеше да се одбие. Среќен сум што сум тука. Засега се е навистина одлично“, изјави Ратков.
Постоеше и страв дека ќе ја прифати поканата на хрватската репрезентација која беше на маса пред Србија.
„Навистина немаше дилема за мене. Јас сум Србин и сите се стремиме еден ден да играме и да дебитираме за Србија. Тоа е навистина сон, да играш со играчи како Митровиќ, Тадиќ… Сите тие се одлични момци и играчи, тоа е неверојатна работа за 20-годишно момче. Да играш за својата нација, досега не сум настапувал пред нашите навивачи, но дебитирав во Унгарија, полн стадион и се чувствував навистина убаво. Кога ќе го облечеш тој српски дрес, навистина се чувствуваш најубаво“, истакна Ратков.
Подготвено од А.Ѓ.