sad amerika

02.02.2024 Скопје

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, го изрази својот страв дека самопрогласеното Косово ризикува да се соочи со нови тензии на северот.

Тензиите може да настанат поради новата регулатива на Централната банка на самопрогласеното Косово, во која се наведува дека еврото е единствената официјална валута.

Во изјава за медиумите, по средбата што ја имаше со премиерот на Косово, Албин Курти, Ховениер рече дека САД се загрижени и резервирани за спроведувањето на регулативата и додаде дека ова прашање „бара поголемо внимание и дијалог“.

Според него, постои можност за тензии, особено меѓу луѓето кои зависат од помошта што доаѓа од Србија.

„Не знам како да ја избегнам фрустрацијата на граѓаните поради спроведувањето на одлуката. Да земеме на пример пензионер кој добива парична помош. Тој е навикнат на овој систем. Претпоставувам дека отишол до одреден момент за да добие помош. Како ќе ја добие оваа корист? Што ќе биде со него? Старите личности можат да бидат шокирани од ова. Сметам дека може да дојде до тензии од луѓе кои се чувствуваат дека се изоставени од помошта од која зависат. Никој не посакува такво нешто“, истакна Ховениер.

Ховениер рече дека САД се надеваат дека Владата на Косово ќе најде решение за транзицијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author