nato sajber odbrana vezba

22.02.2024 Скопје

САД нудат награда до 15 милиони долари за информации кои ќе доведат до идентификација или локација на водачот на Локбит, озлогласена сајбер-криминална банда која ги собира податоците на своите жртви за откуп, соопшти Стејт департментот.

САД, ОК и ЕУ оваа недела објавија дека ја попречиле групата во меѓународна полициска операција.

Стејт департментот соопшти дека ќе понуди награди за „информации што водат до апсење и/или осудување на кој било поединец вклучен во варијантата „Локбит“ на нападот со откуп и за информации што водат до идентификација и/или локација на клучните водачи на групата.

„Локбит“ беше цел на работната група наречена „Операција Кронос“, во која учествуваа британската агенција NCA, Американското Федерално биро за истраги и агенции од девет други земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author