avionska kompanija irska

26.02.2024 Скопје

Цените на билетите на Ryanair летово ќе се зголемат и до десет отсто поради доцнењето на испораките на новите авиони на Боинг, што ќе доведе до ограничени капацитети, изјави Михаел О Лири, директор на овој нискобуџетен авиопревозник.

Тој рече дека овој проблем нема да ја зафати само неговата компанија, туку и сите други оператори бидејќи ќе имаат поголема побарувачка од расположливиот број на седишта во авионите.

Ryanair проценил дека во деловната година која завршува во март 2025 година ќе превезе 205 милиони патници, наспроти 183,5 милиони прогнозирани за деловната 2023/2024 година.

„Со помалку авиони, можеби ќе треба да ја намалиме проценката за 205 милиони на 200 милиони патници. Може да биде помалку, но во оваа фаза сè уште не знаеме“, рече шефот на Ryanair.

Тој потсети дека летото 2023 година цените на билетите на Ryanair во просек пораснале за 17 отсто, но изрази уверување дека годинава поскапувањето нема да биде во толку двоцифрени износи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author