Fondacija na romi

03.02.2024 Скопје

Ромите во Македонија ги трпат последиците од политиките кои се спроведуваат по Охридскиот рамковен договор, кој резултира со политичка маргинализација и последователно, неправда и исклучување. Ова е заклучок од денешната средба на претставници на фондацијата Ромите за демократија со новинарите.

„Како што се доближуваме до изборите во 2024 година, фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа околу новоформираната фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со овие предизвици. На престојните избори, фондацијата ќе ги предводи напорите за решавање на итните прашања поврзани со ромската заедница”, изјави извршнaта директорка на фондацијата во Македонијa, Селвије Мустафи Алкан.

Андријано Џеладин, главен уредник на поткастот Политички контрапункт рече дека промените ќе бидат од корист и за Ромите и за Македонија. „Стремеж на фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Северна Македонија туку и низ Европа“, рече Џеладин.

Подготвено од М.Д.

About Author