01.02.2024 Скопје
Официјална Атина ја отфрли можноста за продолжување на рокот на македонските пасоши. Денес сме уставно обврзани и строго се придржуваме до спроведувањето на Преспанскиот договор, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, од грчкото собрание, одоговарајки на пратенички прашања. Јасно порача дека нема измени на договорот
„Повеќе пати нагласив дека Договорот од Преспа е меѓународен договор. Тој беше изгласан од грчкиот парламент и, како што налага Уставот, овој договор има сила над секоја спротивна одредба од законот. Тоа значи дека тој не може да се менува еднострано, од која било од странките. Нова Демократија навремено зазеде ги искажа свои ставови во однос на оние точки кои беа проблематични во однос на Договорот од Преспа“, вели Јоргос Герапетритис од грчкото МНР.
„Министерството за надворешни работи ќе биде строго што се однесува до одредбите од Договорот од Преспа. Ќе ги покрене наведените прашања. Има многу експлицитни одредби кои се однесуваат на (загрижувачки) документи, јавни, особено патни документи, со таблички на возилата. Има и други пресвртници кои мора да се почитуваат. И секако, Меморандумите кои се се предвидува да бидат ратификувани од Собранието, апсолутно зависат од целосно и строго почитување на примената, на што е предвидено во Договорот од Преспа“, вели Јоргос Герапетритис.
На 12 февруари истекува и рокот за замена на налепници со НМ или НМК за регистарските таблички.
Пред 5 години во 2019 година, по 27години спор, договорот за промена на името официјално стапи во сила, а дотогаш Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Д.