germanija blokirana strajk na prevozot

06.02.2024 Скопје

Многу родители во Германија се загрижени поради планот на владата да го легализира канабисот за возрасни, бидејќи стравуваат дека тоа може да има последици за децата.

Истражувањето на KKH Health Insurance покажа дека 63 отсто од родителите на деца на возраст под 18 години се загрижени дека легализацијата на потрошувачката на канабис за возрасни, исто така, може да го намали прагот на инхибиција за малолетниците.

Според истражувањето спроведено од агенцијата Форса, 73 отсто од родителите се плашат од можни мозочни последици, а 70 отсто од психолошки нарушувања како што се промени во расположението или анксиозност.

Неврологот Мартин Корте од Техничкиот универзитет во Брауншвајг предлага употребата на канабис да им биде дозволена на луѓе кои имаат најмалку 25 години.

„Развојот на предниот дел од мозокот престанува дури во средината на дваесеттите години“, објасни Корте.

Младите луѓе кои редовно користат марихуана ризикуваат да се намали нивната способност да ги планираат своите постапки, да решаваат проблеми или да ги контролираат импулсите.

Вкупниот интелектуален капацитет може полека да се намалува, а може да се појават халуцинации и психотични симптоми.

Германија планира од 1 април да им дозволи на возрасните легално да поседуваат одредена количина канабис, а ќе се легализира и одгледувањето на помали количини од растението.

Од 1 јули ќе може да се формираат клубови чии членови ќе можат заедно да одгледуваат канабис.

За потребите на анализата на KKH, од 2 до 16 јануари, 1.000 возрасни со деца под 18-годишна возраст беа анкетирани онлајн низ цела Германија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author