mlad chovek BiH

13.02.2024 Скопје

Младиот Емсад Османовиќ на 20-годишна возраст остана неподвижен по тешка сообраќајна несреќа.

Сепак, тој сега откри пат до закрепнување во Турција благодарение на напредната роботска терапија. Имено, животот на овој млад човек е драстично променет по несреќата која го врза за неговиот кревет.

Неговата состојба била таква што имал тешки повреди на ‘рбетот, поради што бил на лекување во БиХ и Хрватска.

За жал, тие третмани не ги дадоа посакуваните резултати. Меѓутоа, сега има нова надеж во форма на роботска терапија која се спроведува во „Медикана Атакој“ во Истанбул.

Според докторот Мустафа Азиз Џилдрим, специјалист во оваа болница, Емсад е неподвижен со интензивни болки во нозете. Самиот процес на рехабилитација беше фокусиран на роботска терапија, која беше дизајнирана да ја подобри неговата способност за одење, т.е. повторно да оди.

Оваа иновативна терапија интегрира роботски уред со сензори и систем за виртуелна реалност.

Тоа ќе помогне да се намали гравитациското оптоварување на Емсад, што, пак, треба да го олесни движењето и да спречи понатамошни повреди на ‘рбетот.

Самиот систем вклучува дисплеј за виртуелна реалност кој прикажува човечка фигура, мотивирајќи го пациентот за време на терапијата.

Емсад отпатува во Турција за овој третман и веќе чувствува позитивни промени по започнувањето на терапијата.

„Откако дознав за потенцијалот на оваа терапија, решив да ја пробам, надевајќи се дека повторно ќе одам. Веќе чувствувам напредок“, изјави овој млад човек за турските медиуми.

Напомена и дека има желба да го запознае Един Џека, играч на Фенербахче.

Со првичното намалување на мускулниот спазам се очекува понатамошен напредок во наредниот период, па оваа терапија има потенцијал да отвори ново поглавје во животот на Есмад и да му даде надеж за закрепнување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author